КултураНастани

Вечерва концерт на Страшо Темков во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот концерт на флејта ќе одржи Страшо Темков. Пијано придружба ќе биде Сара Пројковска.

Страшо Темков е прв флејтист солист на Македонската филхармонија, член е на „Македонскиот дувачки-квинтет“ и на ансамблот за современа музика „Св.Софија“. Како солист има реализирано повеќе рецитални програми и солистички настапи, манифестации и фестивали во земјава и во странство. Членувал во жири комисии на меѓународни натпревари. Темков е вонреден професор по флејта на ФМУ.

Пијанистката Сара Пројковска исто така има настапувано во земјава и во странство на бројни манифестации и фестивали.

Поврзани новости