НАЈНОВО

Технологија

Милиони луѓе останаа без интернет – најголемиот прекин на телекомуникациите во историјата на земјата

Милиони Австралијци денеска останаа без мобилни и интернет услуги откако мобилниот оператор Optus доживеа пад на системот.

Optus е вториот најголем провајдер во земјата, со повеќе од 10 милиони индивидуални клиенти и уште стотици илјади правни лица со кои соработува.

Прекинот предизвика доцнење во сообраќајот, оневозможени болнички телефонски комуникации и платежниот систем, јавува Би-Би-Си.

Причината за прекинот е непозната, а Optus рече дека нема докази за сајбер напад и вети дека ќе ги обнови услугите до крајот на денот.

Министерката за комуникации Мишел Роланд изјави дека ова е вознемирувачко утро за многу Австралијци и ја повика компанијата да биде транспарентна и навремена во информирањето на клиентите.

Optus минатата година претрпе хакерски напад што доведе до кражба на лични податоци од околу 10 милиони сметки, што е најголемиот ваков инцидент во Австралија.

Поврзани новости