Останати

Пингпонгарите на Младост 96 од Прилеп се шампиони на Македонија

Пингпонгарите на Младост 96 ја вратија титулата во Прилеп. Овој викенд се одиграа двата финални натпревари, прво во Прилеп па во Скопје на кои двапати славеше екипата на Младост.

Првиот натпревар екипата на ППК Младост 96 го доби против Телеком Нец 2 со 4:1 додека вториот натпревар од финалето Младост славеше со 4-3,и со вкупен резултат 2-0 ја освои шампионската титула.

Ова е втора титула шампиони на Македонија во последните три години.Тимот во цела сезона имаше само еден пораз, и покажа дека во моментов е најдобра екипа во државата.

Овој викенд исто така се играа и топ 8 турнирите за најмладите категории.

Резултати од Топ 8 турнирот во категорија У13 млади кадети/ки кој се одржа во Крушево:
Момчиња:
1. Кристијан Каламадевски – ППК Берово
2. Леонид Гидалов – ППК Рисови
3. Кристијан Митев – ППК Пелагонија
Девојчиња:
1. Матеја Смолиќ – ППК Рисови
2. Моника Стајковска – ППК Берово
3. Лена Гидалова – ППК Рисови

Резултати од Топ 8 турнирот во категорија У11 мини кадети/ки кој се одржа во Крушево:
Момчиња
1. Кристијан Митев – ППК Пелагонија
2. Андреј Бејковски – ППк Пелагонија
3. Јован Пармачки – ППК Берово
Девојчиња:
1. Елена Марковска – ППК Крушево
2. Љубица Смилевска – ППK Крушево
3. Бојана Јовевска – ППК Берово

Поврзани новости