НАЈНОВО

Битола инфо

Бесплатна членарина за првачиња во битолската библиотека

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола ќе додели ваучери за едногодишна бесплатна членарина за сите деца запишани во прво одделение.

Кампањата „Ваучер за првачиња“ почна минатата година и ќе се реализира повторно бидејќи покажа одлични резултати, и привлече многу првооделенци да се зачленат во библиотеката, информираа од таа национална установа.

Библиотеката „Св. Климент Охридски“ од Битола во рамките на својата програма за работа на битолчани, на членови на библиотеката и за сите заинтересирани ќе отвори „дневна соба“ во која ќе има слободен интернет пристап, книги, бестселери, сликовници, странска популарна литература, дневен печат, секаков вид списанија, стручна литература, информации и предлози за читање.

Во новото библиотечно катче ќе се организираат изложби, работилници, курсеви, клуб на читатели, како и нови библиотечни програми по избор на корисниците, соопштија од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.

Поврзани новости