НАЈНОВО

Битола инфо

Голд Фелициа со свој претставник во жирито на Хакатонот на Фикт

Вчера и денес на Факултетот на информатички и комуникациски технологии во Битола (ФИКТ) се одржа Хакатон на тема „Паметна околина и паметни алатки“ (Smart environment and smart tools) на кој ќе се натпреварува тимови составени од студенти и од средношколци.

Хакатонот беше организиран со цел да се поттикне натпреварувачкиот дух кај младите. Право на учество имаа сите студенти, од сите години на студирање и од сите циклуси на студирање, поранешни студенти (алумни) од ФИКТ и од сите други факултети кои се пријавија на повикот, како и средношколци од трета и четврта година под водство на ментор на кои информатичко – комуникациските технологии им се пасија и поле на проучување.

Учесниците на Хакатонот имаа слобода на избор во однос на платформата на која се работи и програмскиот јазик. Оценувањето беше во надлежност на вработени претставници од ИТ компаниите и професори од ФИКТ.

Компанијата Голд Фелициа која е дел од КС Групацијата беше спонзор на овој настан и воедно учествуваше со свој претставник на самиот Хакатон.
Раководителот на ИТ секторот од КС Групација господинот Трајче Павловски беше активно вклучен во настанот како член во стручното жири за отценување на апликациите кои се изработуваа на Хакатонот.
Со својата стручност и искуство во работењето во ИТ секторот даде голем придонес во реализирање на самиот Хакатон, во отценувањето на апликациите кои се изработуваа за време на дводневниот хакатон како и во правилно селектирање при прогласувањето на победниците.
Голд Фелициа како спонзор на самиот настан обезбеди и кетеринг кој специјално за Хакатонот беше подготвен од стручните раце на професионалниот тим на кувари и помошен персонал кој работи во ресторанот на комплексот Голд Фелициа.

Голд Фелициа ќе продолжи и во иднина со својата општествено одговорна мисија како помагател и спонзор на настани кои се директно поврзани со младите луѓе бидејќи вложувањето во средношколците и студентите е директен влог во иднината на општеството.

Поврзани новости