НАЈНОВО

Битола инфо

Посебен сообраќаен режим утре во Битола поради манифестацијата „Трчај бе“

Поради спортско-рекреативната манифестација „Трчај бе“ утре во Битола од 07:00 до 13.30 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Ограничување на сообраќајот ќе има на булеварот „1-ви Мај“ до кружниот тек кај Педагошка – улицата „Генерал Васко Карангелевски“ , потоа од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај маркет Веро, улицата „11-та Македонска Дивизија“ и до базенот Довлеџик.

Исто така сообраќај нема да се одвива по булеварот „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола, потоа улиците „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие, „Батаљон Стив Наумов“, „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до улицата „4-ти Ноември“ и од улицата „4-ти Ноември“ до крстосницата со улицата „Солунска“ до „Широк Сокак“.

Поврзани новости