НАЈНОВО

Битола инфо

Тешко повреден мотоциклист во Битола

Вчера попладне во 15.14 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот В.М. од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 27-годишниот Д.Р. од Битола, извести МВР.

– Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница Битола, соопшти МВР.

Увидот на местото на несреќата извршила екипа на СВР Битола.

Поврзани новости