НАЈНОВО

Битола инфо

297 санкционирани возачи викендот на подрачје на СВР Битола, 162 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (12, 13 и 14 април 2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 297 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 162 санкции, 20 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 мерки за зборување на мобилен телефон, 27 мерки за возење без возачка дозвола.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Поврзани новости