НАЈНОВО

Битола инфо

Спектакл на трчањето во Битола – Балканско и државно првенство во полумаратон на позната трка „Трчај бе“

На култната битолската трка ТРЧАЈ БЕ доаѓа една од најголемите балкански атлетичарки, актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчес и финалист на последното Светско првенство, Луиза Гега од Албанија.

Таа ќе биде претставник на својата земја на Балканското првенство во полумаратон, Битола 2023. Нејзини позначајни резултати во кариерата се: прво место на Европското првенство во Минхен 2022 година, второ место на Европското првенство во Амстердам 2016 година, осмо место на Светското првенство во Будимпешта 2023 година и уште многу, многу други признанија.

В недела, се очекуваат уште триесеттина атлетичари од балканските земји и над 1.700 пријавени учесници на трките на 5, 10, 21 километар, а организаторот од утре има и бројни пратечки активности кои во градот под Пелистер ќе направат овој викенд да биде од петти пат празник на трчањето.

Сите хотелски капацитети се резервирани од учесници на трката кои доаѓаат од други македонски градови, бројни компании имаат пријавени свои тимови за трчање на ТРЧАЈ БЕ, а по аналитиката пријавени се и рекреативци и врвни атлетичари од четириесет земји од светот.

Ова првенство Трчај бе го организира со Атлетската федерација на Македонија.

Поврзани новости