НАЈНОВО

Битола инфо

Webiart, дел од хакатонот “Паметна околина и паметни алатки“

Webiart Creative Agency беше дел од Хакатонот кој се одржа на  Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола, на 12 и 13 април, на тема “Паметна околина и паметни алатки“ (Smart Environment and Smart Tools).

Учесници на овој хакатон беа студенти од сите циклуси, како и средношколци кои доаѓаат од ИТ сферата или се заинтересирани да делуваат во истата. Програмските јазици на кои се работеше беа по избор на учесниците. Проектите кои беа изработени резултираа со мобилни и веб апликации, а нивната цел  беше да се даде идеја за создавање на smart средина за живеење и работење – во домовите, во канцеларии, во градината, паркот, зградите, како и создавање на паметни установи (болници, училишта, факултети, комерцијални објекти), паметни патишта, паметни градови, паметно општество.

Тимот на Webiart активно беше вклучен во дводневниот хакатон каде што им овозможи менторска поддршка на учесниците и тимовите.

Исто така, Иванчо Јанкуловски од Development тимот беше дел од стручното жири кое ги оценуваше финалните проекти.

Webiart Creative Agency секогаш ги поддржува и стимулира младите и амбициозни кадри од ИТ сферата во образовниот процес и професионалниот развој.

Поврзани новости